УТРО.мк

Британска чест: Дејвид Бекам прогласен за витез – отсега „Сер Дејвид“

Британска чест: Дејвид Бекам прогласен за витез – отсега „Сер Дејвид“
Vero

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, официјално е прогласен за витез и отсега ја носи титулата „Сер“ пред своето име. Одликувањето му беше доделено за неговите извонредни заслуги во спортот и долгорочната хуманитарна работа.

Бекам, кој за „Скај њуз“ откри дека бил длабоко трогнат од честа, изјави дека плачел кога дознал дека ќе биде прогласен за витез. „Плачев кога првпат дознав, а можеби и неколку месеци потоа. Оваа недела беше навистина емотивна. Не бев нервозен, само емотивен,“ рече Сер Дејвид.

На свеченоста присуствуваше и неговата сопруга Викторија, која отсега ја носи титулата Лејди Викторија, како и неговите родители Тед и Сандра Бекам. Викторија, која е позната модна дизајнерка и поранешна членка на групата Spice Girls, лично го дизајнираше оделото на својот сопруг за оваа посебна пригода.

Бекам се пошегува дека дома нема да инсистира сите да го нарекуваат „Сер“, но додаде дека ќе му биде потребно време да се навикне на тоа. „Ако сакаат, можат да ме викаат Сер Тато,“ рече тој низ насмевка.

Со повеќе од 115 настапи за Англија, од кои 59 како капитен, Бекам има богата фудбалска кариера зад себе. Тој дебитираше за Манчестер Јунајтед во 1995 година и беше дел од тимот што ја освои историската тројна круна во 1999 година – Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. Подоцна настапуваше и за Реал Мадрид, Милан, ЛА Галакси и Пари Сен Жермен.

Покрај спортските успеси, Бекам повеќе од две децении активно се ангажира во хуманитарни иницијативи како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, а минатата година беше назначен и за амбасадор на Кралската фондација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран