УТРО.мк

Добро погледнете ги бананите пред да ги купите: Ако имаат ова на себе, не ги земајте

Добро погледнете ги бананите пред да ги купите: Ако имаат ова на себе, не ги земајте
Vero

Иако изгледа безбедно, влажната или мокра кора на бананите може да открие проблеми што не би сакале да ги внесете во телото. Експертите предупредуваат дека не секоја влага е безопасна, а некогаш може да укажува на оштетување или почетно трулење на плодовите.

Влажната кора создава поволни услови за развој на бактерии и мувла, кои можат да предизвикаат стомачни проблеми или контаминација на друго овошје. Додатно, некои продавници користат хемикалии или пестициди за да ги одржат бананите свежи и со блескав изглед, што исто така може претставува ризик ако плодовите не се измиени пред консумација.

За да изберете квалитетни банани, експертите советуваат: кората треба да биде сува и цврста, додека влажна, леплива или мека кора е знак дека плодовите се оштетени или започнуваат да трулеат. Пред јадење, бананите секогаш измијте ги под млаз вода, дури и ако не планирате да ја јадете кората.

Со малку внимание и основна хигиена, изборот на безбедни и здрави банани е едноставен – избирајте суви, зрели и неповредени плодови, а мократа кора секогаш земете ја како предупредување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран