Сеизмолози во Алпите започнаа експеримент со предизвикување на мали земјотреси во контролирани услови, со цел подобро да се разберат механизмите на рушење на раседите и да се предвидат идни катастрофи. Проектот FEAR (Активирање на раседи и предизвикување земјотреси) користи тунел длабоко под планините за да испита како се иницираат помали потреси.
„Иако имаме современи технологии за следење на раседите, сѐ уште не можеме точно да предвидиме зошто некои раседи се активираат на кратки делови, а други предизвикуваат долги, разрушителни површини“, објаснува професорот по сеизмологија Доменика Џардини од ETH Цирих.
Научниците користат постоечки тунел, некогаш дел од железнички проект, и со пумпање вода предизвикуваат стотици илјади микро-земјотреси со нула магнитуда, кои се речиси незабележливи, но многу важни за научните мерења. Следниот чекор е употреба на топла вода за да се истражи влијанието на температурата врз развојот на земјотресите, а во март се планираат земјотреси до магнитуда 1.
„Нашата цел е да разбереме кои параметри го одредуваат интензитетот на земјотресите и како да предвидиме опасни раседи пред тие да се активираат“, додава Џардини. Со овие експерименти, научниците создаваат прецизни модели кои ќе помогнат во предвидувањето на идните потреси и потенцијалната штета од нив.































