Сите летови на главниот аеродром во Вашингтон беа привремено запрени поради закана за бомба во авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ кој пристигнал од Хјустон, јавува „Дејли меил“. Инцидентот предизвика прогласување на безбедносна вонредна состојба во 11:30 часот по локално време.
Авинот бил веднаш изолиран и опкружен со возила за итни интервенции, а патниците биле евакуирани во највисок степен на претпазливост. Сите пристигнувања и поаѓања од аеродромот биле прекинати додека траела безбедносната проверка.
Според податоците од радарите, неколку авиони биле принудени да кружат над аеродромот, додека други биле пренасочени кон алтернативни дестинации. Вкупно 820 летови биле засегнати од привременото приземјување, со просечно доцнење од 33 минути, а максимално регистрирано доцнење од 66 минути.
Прекинот на воздушниот сообраќај се одрази и врз регионалните контролни центри кои ги координираат летовите над Њујорк, Атланта, Џексонвил, Кливленд, Бостон и Индијанаполис.
Американските безбедносни служби продолжуваат со истрагата за потеклото на заканата, а аеродромските операции постепено се нормализираат.































