По две години отсуство од терените поради тешка повреда, сениорската македонска репрезентативка Живиќ се враќа во редовите на ЖФК Љуботен. Клубот ја претстави како големо засилување, потсетувајќи дека токму таа пред пет години беше првата репрезентативка која му пристапи на тимот и веруваше во проектот.

Живиќ има интернационално искуство во Кипар и Хрватска и важи за играч што може да придонесе во секоја линија на играта – од одбраната до нападот. Од клубот велат дека со нејзиното враќање добиваат значителен квалитет и сигурност.

„Со Живиќ се договоривме на долга соработка и веруваме дека ќе прославиме уште многу титули и трофеи заедно“, порачаа од ЖФК Љуботен.
Клубот заврши со пораката: „Напред плави – продолжуваме!“.