УТРО.мк

Елмас пред трансфер: Италија, Турција и Англија во трка за македонскиот репрезентативец

Елмас пред трансфер: Италија, Турција и Англија во трка за македонскиот репрезентативец
Vero

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, кој го мина вториот дел од сезоната на позајмица во Торино, наскоро ќе го напушти Лајпциг. Германскиот клуб за неговите услуги бара околу 20 милиони евра.

Најреално сценарио во моментов е Елмас да се врати во Италија. Торино сака да го откупи, но не е подготвен да ја плати целата сума од 20 милиони. Поранешниот клуб на Елмас, Наполи, нема финансиски проблеми и засега се смета за главен фаворит за неговиот потпис.

Фудбалскиот инсајдер Екрем Конур тврди дека покрај Наполи и Торино, интерес за 25-годишниот играч покажале и турскиот Бешикташ и англискиот Вест Хем.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран