УТРО.мк

Фенербахче најупорен за Димитриевски – Мурињо го сака македонскиот голман

Фенербахче најупорен за Димитриевски – Мурињо го сака македонскиот голман
Vero

Турскиот великан Фенербахче е најрешителен во трката за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој би можел да застане меѓу стативите во тимот предводен од Жозе Мурињо.

Димитриевски во последниот период има ограничена минутажа во Валенсија, што предизвикало разочарување и желба за промена на клубската средина. Фенербахче е првиот што официјално се обидел да го доведе, а интерес за него покажале и Лил од Франција и Џенова од Италија.

И покрај конкуренцијата, турскиот клуб засега е најупорен во намерата да го обезбеди неговиот потпис, што би значело нов голем предизвик во кариерата на македонскиот голман.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран