Мадридски Реал во 2020 година платил 30 милиони евра за младата бразилска надеж Реиниер од Фламенго, очекувајќи нова ѕвезда по примерот на Винисиус Жуниор и Родриго. Сепак, Реиниер не одиграл ниту минута за кралскиот клуб и бил позајмуван во Борусија Дортмунд, Жирона, Фрозиноне и Гранада.
Ова лето ја прекина соработката со Реал и на интересен начин се прости, изразувајќи благодарност за шансата, иако таа не ја искористи како што се очекуваше.
„Доаѓајќи со 18 години, остварив детски сон да играм во Европа, благодарение на Реал Мадрид, најголемиот клуб на светот. Во изминативе пет години научив многу и сум благодарен за поддршката,“ рече Реиниер.
Тој потпиша нов договор со Атлетико до декември 2029 година, најавувајќи нов почеток по тешката епизода во Европа.