УТРО.мк

Кандидатот за Струга Менди Ќура се сретна со Африм Гаши, дискутираа за зајакнување на соработката

Кандидатот за Струга Менди Ќура се сретна со Африм Гаши, дискутираа за зајакнување на соработката
Vero

Поранешниот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија и независен кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши.

Ќура изрази благодарност за досегашната соработка помеѓу Стопанската комора и институцијата која ја води Гаши, нагласувајќи ја потребата таа соработка да продолжи и да се зајакне во интерес на бизнис заедницата.

Од своја страна, Гаши изрази задоволството од воспоставените односи и им посака успех на Ќура во претстојната изборна трка за градоначалник на Струга.

Двете страни се обврзаа дека ќе продолжат соработката во релевантните области, при што си посакаа здравје и успех.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран