Пожар избувна денеска пред патарината кај Куманово на автопатот Скопје–Куманово, објави „24 инфо“.
На видео објавено од медиумот се гледа како е зафатено средишното зеленило на автопатот. На возачите им се препорачува зголемена претпазливост при движење на оваа делница.
Екипи на Противпожарната заштита се веќе на терен и работат на локализирање на пожарот.