УТРО.мк

Ескалација на протестите во Србија: Повредени демонстранти, полицајци и новинари

Ескалација на протестите во Србија: Повредени демонстранти, полицајци и новинари
Vero

Неколку демонстранти и најмалку четворица полицајци беа повредени во вторник навечер во Врбас и Бачка Паланка за време на антивладините протести, кога групи приврзаници на Српската напредна странка (СНС) фрлаа пиротехника, камења, столчиња и шишиња кон насобраните, при што бил испукуван и огномет.

Протестите, кои траат веќе девет месеци, започнаа по трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, а демонстрантите бараат одговорност од властите за корупција и несовесно изведени градежни работи. Синоќешните собири пред седиштата на СНС во Војводина беа во знак на солидарност со уапсените и повредените од претходните демонстрации.

Според извештаите на порталите 021 и N1, полициски кордони ги разделувале двете страни, но присутните тврдат дека полицијата не спречила напади врз граѓаните. Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека демонстрантите ги нападнале приврзаниците на СНС и дека меѓу повредените се и заменик-началникот на ПУ Нови Сад.

Меѓу повредените е и асистент-снимател на N1, погоден со камења во стомакот и рамото. Студентските организации ги осудија нападите и најавија нови протести, кои веќе се одржаа во Нови Сад, Белград и Ниш.

Инцидентите се одвивале со турканици со полицијата, а неколку лица биле приведени. Провладините медиуми ги обвинија демонстрантите за насилство, додека Министерството за внатрешни работи најави дополнителни информации во текот на денот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран