Грчките пожарникари се борат со повеќе пожари низ земјата, а најтешката состојба е на Закинтос, Иос и околу Патра на Пелопонез. Во областа Патра, три лица се здобиле со тешки изгореници и се пренесени во болница, додека пламените јазици се шират со голема брзина.
Во Ахаја, пожар избувна во градот Флогереика во областа Еримантос, а фронтови се присутни во Теријано, Моираеика, Палаја Перистера, Агиос Стефанос и Хаикали. Досега се извршени 16 евакуации, пријавени се штети на куќи, а кратко по 16 часот нов пожар се појавил и во близина на Патра, во областа Главкос.
Заменик-регионалниот гувернер на Ахаја, Фокион Заимис, предупреди дека пожарот им се заканува на населбите и фабриките во Индустриската зона, вклучително и на објекти со запаливи материјали. На терен се пожарникари, механизација и итни служби, а полицијата спасува луѓе кои одбиле да ги напуштат своите домови.
Амбулантни возила ги превезуваат лицата со респираторни проблеми во болница, додека борбата со пламенот продолжува на повеќе фронтови.