УТРО.мк

Стомачен вирус во Велес – зголемен број пациенти, но без аларм

Стомачен вирус во Велес – зголемен број пациенти, но без аларм
Vero

Во Велес е забележан пораст на случаи со стомачен вирус кај деца и возрасни, со симптоми како треска, висока температура, настинка, гадење, повраќање и дијареа. Лекарите од матичните амбуланти за МИА велат дека ситуацијата не е алармантна, иако бројот на пациенти е зголемен.

Вирусот е присутен во текот на целата година, најчесто кај младата популација, а особено во пролет и лето. Овојпат, сепак, има и значителен број заболени возрасни. Во ретки случаи, особено кај лица со ослабен имунитет, може да се јават компликации.

Лекарите апелираат на превенција: редовно миење на рацете и темелно миење на овошјето и зеленчукот. Лицата со симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар за соодветна терапија и прилагодена исхрана.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран