УТРО.мк

Еден од најсмртоносните напади врз странски доброволци во Украина: Најмалку десет загинати во руски ракетен напад

Еден од најсмртоносните напади врз странски доброволци во Украина: Најмалку десет загинати во руски ракетен напад
Vero

Американскиот весник New York Times објави дека минатиот месец во близина на градот Кропивницки во централна Украина се случил еден од најсмртоносните напади врз странски доброволци кои се борат во украинската армија. Рускиот ракетен удар бил прецизно темпиран за време на ручекот кога новите борци биле собрани.

Меѓу загинатите доброволци биле државјани на САД, Колумбија, Тајван и Данска. Еден американски доброволец од Флорида кој го преживеал нападот го опишал како „најгласниот звук што некогаш го слушнал“. Според неговите зборови, најмалку 15 лица загинале, а повеќе од 100 биле повредени.

Украинската армија потврди дека нападот се случил, но не откри дополнителни информации за инцидентот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран