Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека и покрај тоа што претстојниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин е важен за нивниот билатерален дијалог, никаков договор за Украина не може да се донесе без вклученост на украинските претставници. Зеленски на прес-конференција нагласи дека клучен е дијалогот на највисоко ниво, но Украина ќе се бори да биде вклучена во сите разговори кои се однесуваат на нејзината иднина.
Претседателот на Украина најави и планиран трилатерален состанок на највисоко ниво, за кој сè уште нема потврден датум, на кој ќе се дискутира за важни прашања во обид да се стави крај на војната и да се заштити украинскиот суверенитет.
Средбата меѓу Трамп и Путин е закажана за 15 август на Аљаска, а американскиот претседател изрази очекување дека разговорите ќе бидат конструктивни.