УТРО.мк

Кисела Вода доби ново детско катче и фонтана – простор за радост и семејни моменти

Кисела Вода доби ново детско катче и фонтана – простор за радост и семејни моменти
Vero

Паркот „Срце“ во општина Кисела Вода доби нова мала оаза за најмладите и нивните семејства. Во паркот е поставена нова фонтана и детско катче, создавајќи простор каде што децата ќе можат да се дружат и да уживаат во слободата на детството, додека семејствата ќе имаат место за мирна попладневна релаксација.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека овој проект е дел од визијата за подобрување на јавните простори и создавање средини кои ја поттикнуваат заедницата и квалитетниот живот на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран