УТРО.мк

Свечена артилериска стрелба во Скопје за одбележување на Денот на Армијата

Свечена артилериска стрелба во Скопје за одбележување на Денот на Армијата
Vero

Граѓаните на Скопје утре ќе имаат можност да бидат сведоци на свечена артилериска стрелба по повод Денот на Армијата, кој се одбележува на 18 август.

На 17 август 2025 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, единица од артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна стрелба со десет плотуни од шест артилериски орудија.

Како дел од протоколарните активности, истиот ден во 18:00 часот ќе се изведе и пробна стрелба со еден плотун.

Армијата апелира до граѓаните да бидат информирани за активностите и да не се загрижуваат од најавената стрелба.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран