УТРО.мк

Најголемото разочарување за Зеленски пристигна токму од Трамп

Најголемото разочарување за Зеленски пристигна токму од Трамп
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој пред неколку дена најави дека ќе изврши притисок врз Владимир Путин поради војната, по самитот на Алјаска изненадувачки ја смени реториката и се доближи до позициите на Кремљ. На својата мрежа Truth Social тој порача дека сака „директно да се оди кон мировен договор, а не само кон примирје“, најавувајќи дека нема да воведува нови санкции кон Русија.

Според Financial Times, Путин од Трамп побарал Украина целосно да се повлече од Донецк и Луганск, во замена за замрзнување на фронтот на останатите боишта. Реакциите во Киев беа остри – украински претставници зборуваат за „нож во грб“ и предупредуваат дека тоа би значело практична капитулација. Претседателот Зеленски соопшти дека нема да прифати откажување од источните територии, иако е подготвен за разговори за територијалните прашања во Вашингтон и на евентуален трилатерален состанок.

Пратеничката Ивана Климпуш-Цинцадзе праша како ќе се спречи Москва повторно да нападне, а активистката Олга Ајвазовска предупреди дека предавањето на територии што Русија никогаш реално не ги зазела би предизвикало опасна напнатост. Аналитичарот Александар Хара оцени дека самитот е „голема грешка и голема победа за Путин“, со ризик вината за неуспехот да падне врз Зеленски.

На боиштето во Донецкиот регион продолжуваат жестоки судири. Русија викендов се проби кај Добропиље, но беше запрена од украинските елитни единици. Зеленски истакна дека има одредени успеси, но предупреди дека Москва ќе се обиде да ја засили офанзивата пред преговорите. Во Киев, по неколкудневен затишје, повторно се огласија сирените за воздушна опасност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран