Во изминатото деноноќие Бугарија се соочи со вистинска огнена катастрофа – регистрирани се 142 повици за интервенции, а пожарникарите успеале да изгаснат 111 пожари, соопшти Главната дирекција за „Пожарна безбедност и заштита на населението“. Двајца граѓани се повредени, јавува БТА.
Со материјални штети се евидентирани 16 пожари, меѓу кои четири во станбени згради, два во шумски подрачја и три во земјоделството. Други 95 пожари, иако без штети, предизвикале паника – најчесто во сува трева, шумска постела, грмушки и отпад.
Пожар во близина на градот Бугларово уништил објекти и предизвикал итна евакуација, а се уште трае гаснењето на големиот шумски пожар кај селото Илинденци во Пирин, каде што во акцијата се вклучени и војници со механизација од Бугарската армија. Во Варна, пак, оган избувнал во месноста Сотира поради скара, а пожарникари интервенирале и кај Аксаково.
Покрај тоа, извршени се 23 спасувачки акции и технички интервенци, а забележани се и осум лажни повици.
Бугарските власти апелираат на исклучителна претпазливост – секоја искра може да предизвика ново жариште!