УТРО.мк

Вучиќ: Насилството расте, но доаѓа време на одговорност

Вучиќ: Насилството расте, но доаѓа време на одговорност
Vero

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа преку Инстаграм порача дека сите кои учествуваат во палења и демолирања ќе бидат казнети и повика на одговорност.

„Доаѓа време за одговорност. Сите овие луѓе што палеа и уриваа ќе бидат одговорни за своите злосторства“, напиша Вучиќ. Тој додаде дека лично ги посетил министрите и припадниците на МВР кои, како што рече, ја штитат Србија од оние што ја уништуваат.

Вучиќ вети дека сите уништени објекти на институциите и партиските простории ќе бидат обновени. „Иако ова носи многу лоши работи, има и едно добро – сите маски паднаа. Луѓето гледаат сè. Нивната нервоза и хистерија растат, а насилството станува сè поизразено, бидејќи немаат што друго да понудат“, нагласи тој.

Српскиот претседател изрази уверување дека „вредните луѓе и рацете на народот“ ќе успеат да ја изградат и заштитат Србија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран