УТРО.мк

Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел

Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел
Vero

Најмалку 47 израелски туристи останаа заглавени во Босна и Херцеговина откако нивните пасоши по грешка завршиле во корпата за отпадоци на рецепцијата на хотел, јавува израелскиот портал ynet.

Туристите требало да се вратат во Израел, но поради губењето на патните документи, нивното патување било одложено. Тие биле сместени повторно во хотелот и им било соопштено дека ќе мора да останат најмалку 48 часа, со можност престојот да се продолжи до повеќе од една недела.

„Откако ги прегледавме снимките од безбедносните камери, откривме дека пасошите погрешно биле фрлени во корпата на рецепцијата. Подоцна биле однесени од службата за собирање ѓубре“, изјавија туристите за ynet.

Некои од израелските туристи се сомневаат дека не станува збор за случајна грешка. „Целата ситуација е многу чудна. Како е можно да се фрлаат пасоши? Се сомневаме дека тоа е направено намерно бидејќи документите јасно покажуваат дека сме од Израел“, истакнаа тие.

Министерството за надворешни работи на Израел потврди дека е запознаено со случајот и дека го следи одделот за израелски државјани во странство, во соработка со израелската амбасада во Белград, која ја покрива и Босна и Херцеговина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран