УТРО.мк

Вучиќ се закани: Учесниците во немирите ќе бидат приведени во наредните десет дена

Вучиќ се закани: Учесниците во немирите ќе бидат приведени во наредните десет дена
Vero

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека сите лица кои учествувале во немирите од претходните денови ќе бидат приведени во рок од десет дена.

„Оперативата си ја врши својата работа и за десет дена сите учесници ќе одговараат. Дури и лицето со фантомка ќе биде идентификувано и соодветно санкционирано“, истакна Вучиќ во обраќањето до нацијата.

Претседателот изрази благодарност до граѓаните кои ја почитуваат државата и не се вмешуваат во немирите, нагласувајќи дека политичките дискусии треба да се одвиваат без насилство. „Благодарен сум на сите кои ги почитуваат вредностите на Србија и не сакаат да учествуваат во конфликти“, додаде тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран