УТРО.мк

Брутално претепаното момче во Ваљево во критична состојба – му откажале бубрезите

Брутално претепаното момче во Ваљево во критична состојба – му откажале бубрезите
Vero

Шеснаесетгодишното момче кое беше брутално претепано од полицијата на антивладиниот протест во Ваљево се наоѓа во исклучително сериозна состојба, откако му откажале бубрезите.

Потпретседателот на Демократската партија во Србија, Миодраг Гавриловиќ, изјави дека момчето А.Р., родено во 2009 година, било префрлено во приватна болница во Белград поради сериозноста на повредите. „Невидено полициско насилство е регистрирано овие денови во Ваљево. Момчето е во многу сериозна состојба, бубрезите му откажале“, посочи Гавриловиќ и ги повика граѓаните на обединување.

Два вечери по ред се одржуваат насилни антивладини протести во Србија, а претседателот Александар Вучиќ порача дека изборите ќе се одржат пред законскиот и уставниот рок, истакнувајќи дека државата не е играчка и дека се води за економски раст и подобар живот на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран