УТРО.мк

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот со перница

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот со перница
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Инцидентот се случил на 15 август во домот на улицата „Борис Бојаџиски“.

Според обвинението, додека бабата на сопругот одмарала во собата, осомничената ја заклучила вратата, седнала врз жртвата и ставила перница на нејзиното лице со намера да ја задуши. Покрај тоа, ја удирала со тупаници по главата. Нападот престанал кога мислела дека ја убила, а на сопругот му кажала за нападот, по што тој веднаш повикал полиција.

Жртвата, родена 1938 година, е пренесена во болница каде ѝ биле констатирани нагмечување на главата и вилицата, како и хематоми. Обвинителството предложи мерка притвор за осомничената поради опасност од повторување или завршување на делото.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран