УТРО.мк

Скопјанка нападната по сообраќајно недоразбирање во Карпош

Скопјанка нападната по сообраќајно недоразбирање во Карпош
Vero

На 14 август 2025 година, 25-годишната И.Ј. од Скопје пријавила во СВР Скопје дека околу 17:00 часот на подрачјето на Карпош била нападната по претходно недоразбирање во сообраќајот.

Според пријавата, лицето најпрвин удрило со предмет по нејзиното патничко возило, а потоа физички ја нападнало. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран