Во текот на вчерашниот ден, 14 август, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е контрола на возила и возачи. При акцијата, санкционирани се вкупно 19 возачи (ТЕ-10 и ГВ-9) за непрописно паркирање, од кои 15 (ТЕ-9 и ГВ-6) биле подигнати со специјално возило „пајак“.
Покрај тоа, регистрирани се и 69 други сообраќајни прекршоци (ТЕ-31 и ГВ-38), се наведува во соопштението од СВР Тетово.