Албанските власти уапсија три лица осомничени за подметнување пожари во градовите Фиер и Лушња. Уапсените мажи се на возраст од 68, 61 и 62 години, со што бројот на осомничени за подметнување пожари во земјата надмина 140.
Министерството за одбрана информира дека состојбата со шумските пожари значително се подобрила. Во последните 24 часа регистрирани се 28 пожари, од кои три се сè уште активни, а шест се под надзор.
Моментално активни се пожарите во Трнова, општина Булќиза; кај Дебар, во Џет, општина Фуш Арез; и во Вељ, општина Мирдита.
Во гаснењето на пожарите учествуваат 52 противпожарни возила и 740 пожарникари, поддржани од 323 припадници на армијата, седум противпожарни возила и еден хеликоптер од албанската армија. Дополнително, помош обезбедуваат два хеликоптера од Обединетите Арапски Емирати, по еден од Чешка и Словачка и еден авион „Канадер“ од Италија.