Регионалниот пат Тетово–Јажинце е целосно блокиран во двата правци поради пожар кој зафати дел од трасата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Сообраќајот е во прекин на потегот од селото Старо Село кон Јажинце, а на терен се работни машини и багери кои вршат ископ со цел да се спречи проширувањето на огнената стихија.
Од МВР апелираат граѓаните да не патуваат во овој правец додека состојбата не се нормализира, а за повторното воспоставување на сообраќајот јавноста ќе биде навремено информирана.