УТРО.мк

Русија за само една вечер лансирала 85 беспилотни летала кон Украина

Русија за само една вечер лансирала 85 беспилотни летала кон Украина
Vero

Русија ноќеска лансираше 85 беспилотни летала и една балистичка ракета кон територијата на Украина, соопштија украинските воздухопловни сили. Нападите беа насочени кон региони на линијата на фронтот, вклучувајќи ги Суми, Доњецк, Чернигов и Дњепропетровск, при што единиците за противвоздушна одбрана уништиле 61 беспилотно летало.

Главниот штаб на украинските вооружени сили извести дека во изминатите 24 часа на фронтот биле регистрирани 139 судири со руските сили.

Од друга страна, руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 29 украински дронови над различни руски региони, вклучувајќи 10 беспилотни летала над Ростовскиот регион, според соопштението на руското Министерство за одбрана.

По средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, двајцата лидери не најавија никакви разговори за потенцијален прекин на огнот во Украина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран