УТРО.мк

Се огласи и Орбан по состанокот помеѓу Путин и Трамп

Се огласи и Орбан по состанокот помеѓу Путин и Трамп
Vero

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека светот е побезбедно место по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

„Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаа пораки едни на други“, напиша Орбан на Фејсбук, додавајќи дека таа практика сега е завршена. „Светот денеска е побезбедно место отколку што беше вчера“, додаде тој.

Реакциите на светските лидери за самитот беа поделени – додека некои го критикуваа недостатокот на конкретни резултати, други ја истакнаа важноста на самиот дијалог меѓу двете нуклеарни сили.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран