Американскиот претседател Доналд Трамп, во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски лидери, истакнал дека постигнувањето сеопфатен мировен договор со Русија е подобро решение од привремен прекин на огнот, пренесува порталот Axios.
Според новинарот Барак Равид, Трамп посочил дека рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за примирје, туку за трајно решение кое би го завршило конфликтот. „Брзо заклучување на мировен договор е подобро од прекин на огнот“, цитира порталот од Трамповата изјава.