УТРО.мк

Лишени од слобода возачи во Кичево, Куманово и Битола, возеле под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи во Кичево, Куманово и Битола, возеле под дејство на алкохол
Vero

На 16.08.2025 во 02.30 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Џ. (26) од кичевското село Зајас. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кичево запреле патничко возило „бмв“, кое тој го управувал, и констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно имал 2,08 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 околу 04:48 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Н.(34) од Куманово, кој управувал патничко возило „смарт“ со кумановски регистарски ознаки, затоа што при извршена контрола констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,43 промили алкохол во крвта.

На 15.08.2025 во 19:36 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од ПС за БПС Битола го лишија од слобода Н.Д. (41) од с.Средно Егри, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола запреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски таблици, кое тој го управувал, и констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно имал 1,68 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран