УТРО.мк

Во Гостивар вчера петгодишно дете кое управувало електричен тротинет и 76-годишен гостиварец со велосипед се здобиле со тешки повреди од удар на возила

Во Гостивар вчера петгодишно дете кое управувало електричен тротинет и 76-годишен гостиварец со велосипед се здобиле со тешки повреди од удар на возила
Vero

На 15.08.2025 во 12:45 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Гостивар, на крстосница од улица „ЈНА” со улица „101″, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „голф” со гостиварски регистерски таблици, управувано од Б.Б.(66) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од петгодишно дете од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар.

На 15.08.2025 во 21:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на улица „Браќа Ѓиноски” во Гостивар, во која учествувале патничко возило „форд” со гостиварски регистарски таблици, управувано од Г.А.(50) од с.Дебреше, гостиварско и велосипед, управуван од Г.А.(76) од Гостивар. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар, а увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран