УТРО.мк

Трамп најавува територијални отстапки за Украина – како ќе реагира Путин?

Трамп најавува територијални отстапки за Украина – како ќе реагира Путин?
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп, на пат за Алјаска каде денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, најави дека на разговорите ќе се разгледуваат можни територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина.

Трамп изјави дека Путин смета оти нападите врз Украина му даваат преговарачка предност, но според него, тоа повеќе му штети. Одлуката за евентуалните територијални отстапки треба да ја донесе Украина, додаде тој.

Во однос на безбедносните гаранции, Трамп посочи дека тие нема да бидат преку членство во НАТО, туку преку договори со Европа и други земји. Тој исто така нагласи дека Русија е заинтересирана за дел од американската економија, но нема да се воспостави деловна соработка додека трае војната.

Претседателот повтори и дека доколку Путин не покаже интерес за мир, ќе има сериозни економски последици, што, според него, е мерка за спас на животи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран