УТРО.мк

Полицијата санкционира 1.455 сообраќајни прекршоци за два дена

Полицијата санкционира 1.455 сообраќајни прекршоци за два дена
Vero

Во текот на 13 и 14 август 2025 година, полициските службеници низ целата држава санкционирале вкупно 1455 сообраќајни прекршоци.

Најмногу казни – 384 – биле изречени за надминување на дозволената брзина, додека 343 возачи се казнети за недозволено паркирање. Следат 51 прекршок за некористење сигурносен појас, 31 за користење мобилен телефон при возење, а 27 возачи поминале на црвено светло.

Од контролирани возачи, 145 управувале без возачка дозвола, 20 биле под дејство на алкохол и исклучени од сообраќај, а 179 мотоциклисти санкционирани за неносење заштитен шлем. Дополнително, седум возачи биле казнети поради неправилно затемнување на стаклата, а 39 нерегистрирани возила биле отстранети од сообраќај.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран