Полициски службеници од ПС Виница, во координација со ПС Берово, синоќа околу 22 часот го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Р. од Берово, возач на возило „Дација Сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, поради пронајдена дрога.
При преглед кај него била пронајдена марихуана и ризла. По добиени оперативни сознанија и по наредба на јавен обвинител од ОЈО Кочани, против Б.Р. е поведена соодветна постапка. По комплетирање на документацијата, против него ќе биде поднесена пријава.