УТРО.мк

Трагедија на патот Велес–Градско: Моторџија загина кај наплатната станица Стоби

Трагедија на патот Велес–Градско: Моторџија загина кај наплатната станица Стоби
Vero

На 15 август 2025 година, околу 15:48 часот, во СВР Велес била пријавена тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес–Градско, спроти наплатната станица Стоби.

Според полициските информации, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н. (52) од Градско, удрил во паркирано патничко возило „Фолксваген Поло“. Возилото било надвор од коловозот и во сопственост на Ј.К. (37) од Градско.

Возачот на мотоциклот се здобил со тешки повреди и починал на самото место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

СВР Велес ја продолжува истрагата за да ги утврди сите околности под кои се случила несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран