Општина Ѓорче Петров започна со уредување на просторот околу поранешната зграда на „Југохром“, кој ќе се претвори во нов паркинг. Просторот е со површина од 800 квадратни метри и со децении беше запуштен и неуреден.
Од локалната самоуправа истакнуваат дека со овој проект се овозможуваат повеќе паркинг-места, подобрена функционалност и поубав изглед на овој дел од општината, ставајќи го просторот во функција на жителите.