УТРО.мк

Омерагиќ најавува голема донација: Над 4.400 фудбалски топки за клубовите и младинските тимови

Омерагиќ најавува голема донација: Над 4.400 фудбалски топки за клубовите и младинските тимови
Vero

Фудбалската федерација на Македонија започнува нова голема донација за развој на фудбалот низ земјата. Вкупно 72 клубови од Трета МФЛ ќе добијат 1.400 фудбалски топки, додека 140 младински екипи ќе добијат повеќе од 3.000 топки.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека целта е да се обезбедат подобри услови за тренинг и натпревари за сите клубови, без разлика во кој ранг на натпреварување учествуваат.

„Во декември продолжуваме со нова донација за младинските тимови како дел од планот за поддршка на младите категории“, нагласи Омерагиќ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран