Пожарот што беснее кај Јажинце продолжува да се шири, а на терен се сите противпожарни екипи од Тетово и специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување. Во акцијата е вклучен и авион „Ер Трактор“ за гаснење пожари, со цел да се спречи понатамошно ширење кон населените места. Патот кон граничниот премин Јажинце останува затворен.