УТРО.мк

Македонец осомничен за атентат врз црногорски мафијаш – распишана потерница

Македонец осомничен за атентат врз црногорски мафијаш – распишана потерница
Vero

Црногорската полиција распиша меѓународна потерница по 18-годишниот Андреј Танасковски од Северна Македонија, осомничен за обид за убиство на црногорскиот мафијаш Марко Љубиша – Кан (56). Настанот се случил пред осум дена на базенот на хотелски комплекс во Пржно, кога напаѓачот, вооружен со пиштол, испукал два проектила во правец на жртвата, нанесувајќи му повреди на главата.

Според полицијата, Танасковски делувал со однапред испланиран план, користејќи фалсификувана српска лична карта на име Ј.Г. за да се смести во хотелот. По нападот, побегнал во непознат правец.

Осомничениот се товари за обид за убиство, недозволено поседување оружје и експлозивни материи, како и за фалсификување исправа. Полицијата апелира до граѓаните веднаш да пријават доколку го забележат или ако им побара сместување, предупредувајќи дека прикривањето претставува кривично дело.

Камерите на хотелот го снимиле напаѓачот без маска. Снимките покажуваат дека се приближил до Кан на помалку од еден метар, но поради лизгање на мокра плочка, промашил критичен погодок. Потоа, избегал преку оградата на базенот и се изгубил во околината.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран