Студентската иницијатива „Блокада“ најави продолжување на протестите и вечерва, 15 август, во повеќе градови низ Србија.
Во Белград, собирите ќе почнат во 20 часот на четири локации – кај Генералштабот, Земјоделскиот факултет, кружниот тек на Автокоманда и кај Општина Нови Белград.
Во Нови Сад, протестот ќе стартува пред зградата на МВР на улицата „Крал Петар I“, во знак на поддршка за уапсените студенти, со најавено присуство на мотоциклисти.
Во Ваљево, граѓаните ќе се соберат во 19 часот на градскиот плоштад, а протести се најавени и во Чачак, Нови Пазар, Крушевац, Пријепоље, Сомбор, Горни Милановац, Лесковац, Врбас и други градови.
Организаторите порачаа: „Не сме вреќи за удирање“.
Извор: N1