УТРО.мк

По шест години застој, Охридското езеро се порибува со над милион охридски пастрмки

По шест години застој, Охридското езеро се порибува со над милион охридски пастрмки
Vero

Охридското езеро по шест години повторно се порибува, со околу 1,1 милион единки охридска пастрмка, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Денеска се наоѓам во Хидробиолошкиот завод – Охрид по повод порибувањето согласно договорот склучен со Министерството и Институтот за сточарство и рибарство, според Програмата од 2024 година“, истакна министерот.

Според него, обврската била да се пориби езерото со минимум 400.000 единки од Хидробиолошкиот завод и 200.000 единки од Институтот за сточарство и рибарство. Сепак, заводот одгледал 620.000 единки, а институтот околу 350.000, со што вкупниот број на риби што ќе се пуштат во езерото достигнува над милион.

Министерот додаде дека за оваа програма се обезбедени зголемени средства – 3,3 милиони денари за Хидробиолошкиот завод и 1,7 милиони денари за Институтот за сточарство и рибарство. Просечната тежина на одгледаните риби е околу 3 грама.

Трипуновски истакна дека идната година Охридското езеро ќе се пориби со над 1,6 милиони единки и дека Министерството продолжува да работи на одржување на рибниот фонд како дел од зачувувањето на ова природно богатство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран