УТРО.мк

Пожар во Грција уништи над 500 автомобили

Пожар во Грција уништи над 500 автомобили
Vero

Големиот пожар што изминативе денови ја зафати грчката Патра остави зад себе шокантни сцени на просторот на локалната царинарница, каде што под надзор на Грчката независна управа за јавни приходи (AADE) се наоѓале стотици возила.

Според првичните проценки, околу 550 автомобили биле целосно уништени – речиси целата бројка на возила паркирани на отворениот простор на царинското складиште. Повеќе од половината од нив веќе биле расходувани и неподобни за продажба на аукција, но по пожарот местото личи на „гробиштa“ за автомобили, со изгорени каросерии кои сведочат за интензитетот на огнената стихија.

Иако просторот бил исчистен од вегетација во јуни, согласно законските обврски, екстремните услови на пожарот не оставиле можност за заштита на возилата. Властите најавија целосна проценка на штетата веднаш штом температурата на металните остатоци ќе се намали на безбеден степен, бидејќи засега тие сè уште испуштаат силна топлина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран