УТРО.мк

Жестоки судири во Нови Сад: Протестите ескалираа со солзавец и физички пресметки

Жестоки судири во Нови Сад: Протестите ескалираа со солзавец и физички пресметки
Vero

Во центарот на Нови Сад денеска дојде до жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите, јавува Nova.rs, а сцените од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи.

Според сведоци, полицијата употребила солзавец кон насобраните, по што голем број луѓе се жалеле дека се гушат, а дел од нив паднале на земја. На снимките се гледаат и физички пресметки меѓу полицајците и демонстрантите.

Напнатата состојба следи по претходното целосно демолирање на просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) во градот, што дополнително ја зголеми тензијата на протестите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран