УТРО.мк

Жичарницата на Водно работела без дозвола: Синдикатот предупредува за ризик по патниците

Жичарницата на Водно работела без дозвола: Синдикатот предупредува за ризик по патниците
Vero

Жичарницата што ги превезува скопјани и туристите од Средно Водно до Милениумскиот крст повеќе од десет дена е во прекин поради голем сервисен зафат, а синдикатот на ЈСП предупредува дека таа со години работела без важечка дозвола, ставајќи ја безбедноста на патниците под прашање.

Миќо Стојановски од синдикатот изјави за „Вечер“ дека жичарницата одамна не требало да превезува патници. „Немаше дозвола, а не знам зошто продолжи да функционира“, рече тој.

Поправката ќе трае подолго бидејќи се работи за скапа и комплексна инвестиција – едно од тркалата на жичарницата тежи дури 190 килограми. Жичарницата функционира веќе повеќе од 14 години, а нејзината изградба чинела 6,7 милиони евра.

На крајот од минатата година, Владата најави продолжување на втората фаза од проектот, од Капиштец до Средно Водно, а директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, истакна дека се прават анализи и пресек на проектот.

Јавноста сега бара одговори како било можно жичарницата да работи без дозвола, со што биле загрозени животите на илјадници патници.

Извор: plusinfo.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран