УТРО.мк

Европа гори: Над половина милион хектари уништени од шумски пожари ова лето

Европа гори: Над половина милион хектари уништени од шумски пожари ова лето
Vero

Шумските пожари низ Европа ова лето уништиле над 511.000 хектари, што е повеќе од двојно над просекот за истиот период во последните 18 години, покажуваат податоците на Европскиот систем за информации за шумски пожари (EFFIS) заклучно со 12 август.

Од почетокот на годинава, на територијата на ЕУ се регистрирани над 1.600 пожари, додека просекот за истиот период во изминатите две децении бил 717 пожари годишно. Таквото алармантно зголемување ја натера Европската комисија да го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој до средината на август е активиран 16 пати — број изедначен со целата 2024 година, изјави портпаролката Ева Хрнчирова.

Последната земја што побарала европска помош е Шпанија, традиционално соочена со летни пожари, што покажува дека дури и државите со големо искуство не можат сами да се справат со растечките размери на кризата.

Механизмот за цивилна заштита, воспоставен во 2001 година, овозможува координирана помош меѓу земјите-членки и други учеснички држави, вклучително и од Западен Балкан, за справување со природни катастрофи и вонредни ситуации. Досега биле одговорени над 770 барања за помош, внатре и надвор од ЕУ.

Анализите укажуваат дека високите температури, продолжените суши и засилените ветрови, поттикнати од климатските промени, значително го зголемуваат ризикот од шумски пожари. Ова лето ја потврдува потребата Европа да се подготви за новата реалност на климатски вонредни состојби, кои бараат брзи и координирани мерки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран