УТРО.мк

Местење во Втората лига? Полицијата го отвори фудбалскиот скандал Кожув – Башкими!

Местење во Втората лига? Полицијата го отвори фудбалскиот скандал Кожув – Башкими!
Vero

Денеска полицијата изврши претреси на повеќе локации низ Гевгелија поради сомнеж за местење фудбалски натпревар од Втората лига помеѓу Кожув и Башкими.

Според наши извори, во истрагата се прибрани материјални докази кои укажуваат на вмешаност на повеќе лица – фудбалери, тренер и раководни структури на двата клуба. Јавното обвинителство, на барање на МВР, издало наредби за претреси, а сомнежот е упатен кон седум лица.

Ова е прв ваков случај кој се расчистува не само во Македонија, туку и во регионот.

МВР преку Бирото за јавна безбедност порачува – криминалот нема засолниште, без разлика дали е на улица, во институција или на спортски терен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран