УТРО.мк

Завршена обдукцијата на тројцата убиени во Боливија: Потврден идентитетот на Лазаревски и Ѓекиќ

Завршена обдукцијата на тројцата убиени во Боливија: Потврден идентитетот на Лазаревски и Ѓекиќ
Vero

Обдукцијата на телата на тројцата убиени во Боливија, извршена во судската мртовечница Пампа де ла Исла од Институтот за форензички истражувања (IDIF), утврди дека едно лице починало од прострелна рана во главата, додека другите две жртви имале повеќекратни повреди на главата и трауми од тап предмет, што укажува на тортура, соопшти обвинителот Херланд Родригез.

Министерството за надворешни работи информира дека македонската амбасада во Бразил е во постојан контакт со боливиските власти за потврда на идентитетот и околностите на настанот. Според српските медиуми, познат е идентитетот на македонскиот државјанин – 43-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, познат под прекарот „Македонец“. Покрај него, жртви се и 38-годишниот Миљан Ѓекиќ од Ниш, додека третата жртва сè уште не е официјално идентификувана и се претпоставува дека користела фалсификувани документи.

Телата беа пронајдени завиткани во црни најлонски кеси во куќа во населбата Петролеро Норте во Санта Круз, што укажува дека убијците планирале да ги отстранат или транспортираат. Според истражителите, настанот можеби е поврзан со конфликти на нарко-картели, вклучувајќи транснационални активности на таканаречениот „балкански картел“.

Во рамки на истрагата се уапсени четири лица, вклучувајќи таксист кој наводно учествувал во превозот на жртвите, а при рациите беа запленети двајца возила и собрани снимки од надзорни камери.

Објавените резултати од обдукцијата ја нагласуваат бруталноста на злосторството, а полицијата не ја исклучува можноста жртвите да биле пренесени од друга локација пред егзекуцијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран