УТРО.мк

Скопје: Девојче тешко повредено откако автомобил го удри во Чаир

Скопје: Девојче тешко повредено откако автомобил го удри во Чаир
Vero

Синоќа на улицата Аугуст Цесарец во скопската населба Чаир, патничко возило „Рено Твинго“ управувано од Н.П. (21) од Скопје, удрило деветгодишно девојче.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде што е констатирана сериозноста на повредите.

На местото на несреќата е извршен увид од страна на сообраќајната полиција, која ќе ги утврдува причините за инцидентот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран